hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Без промени на врвот, Гајиќ нај-стрелец по групната фаза

Russia vs Argetina 150124Qatar 2015 M57 RUS vs ARG- B2 0130A xlarge

Вечерва официјално заврши првиот дел од натпреварувањето на светското првенство во ракомет. По групната фаза најефикасен ракометар е Драган Гајиќ од Словенија, а најкорисен (голови + асистенции) нашиот Кирил Лазаров. Денешните шест натпревари не донесоа радикални промени на врвот. Единствено аргентинецот Пизаро скокна на четвртото место со 34 гола.

Листа на стрелци

1. Драган Гајиќ (Словенија) 43
2. Жарко Марковиќ (Катар) 41
3. Кирил Лазаров (Македонија) 38
4. Федерико Пизаро (Аргентина) 34
5. Роберт Вебер (Австрија) 34

Листа на најдобри голови + асистенции

1. Кирил Лазаров (Македонија) 56
2. Жарко Марковиќ (Катар) 52
3. Микел Хансен (Данска) 51
4. Драган Гајиќ (Словенија) 44
5. Сергеј Рутенка (Белорусија) 43

Share