hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Прост: „Добро го познавам системот на Обрван„

prost

Не се среќаваме пречесто со Словенија на последните големи приредби, но сепак ракометарите во своите клубови често се соиграчи или ривали на теренот. Така голманот Прост е уверен во квалитетот на своите соиграчи, но смета дека Македонија не може многу да го изненади словенечкиот тим, посебно бидејќи тој одлично го познавам стилот на игра на селекторот на нашиот тим, Ивица Обрван:

„Системот кој го игра Македонија го познавам, бидејќи Ивица ми беше тренер во Велење. Треба да се припремиме добро за нив и тоа ќе биде тежок натпревар. Сигурно мотив плус за нас е поразот во Белград во мечот за 5 место, па знаеме како е кога не одиш на квалификации за Олимписки игри. На вакви натпревари голманите се клучниот фактор, па за Горазд и за мене, како и за македонските голмани тоа ќе биде голем натпревар и се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме„ истакна искусниот голман Примож Прост. Тандемот голмани на словенечката репрезентација Шкоф - Прост нема кој знае каква статистика до сега на турнирот, но стилот на игра на нивната репрезентација не им дозволува да бидат на самиот врв на статистички најдобрите голмани.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share