Доцнењето на летот ги заглави ракометарите во Истанбул
Според планот утринава во 11 часот по средно европско време, нашата репрезентација требаше да го почне својот лет за дома. Два и пол часа доцнеше летот од Доха за Истанбул и заради тоа доцнење, нашата делегација не успеа да го стигне колегираниот лет од Истанбул за Скопје.
Затоа наместо вечерва да пристигнат во своите домови и да се одморат по напорите на подготовките, турнирот во Франција и мундијалот, Лазаров и другарите ќе спијат во Турција. Дури утре изутрина со директен лет за Скопје, ќе пристигнат во нашата земја. Како да ни судени доцнењата, бидејќи и за време на мундијалот во Шпанија најнапред со авион, а потоа и со воз од Севиља до Барселона, а и маради маглата минатата година до Данска, секогаш нашите ракометари имале проблеми со стигнување на време.