hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

france handball 2001

Веќе се пишуваат книги и се снимаат филмови за митот на француската ракометна репрезентација. Посебно поглавје треба да се издвои за тоа како француските ракометари ги играат големите натпревари. Девет финалиња по ред „триколорите„ победуваат на европски, светски или олимписки натпреварувања. Треба длабоко да се вратиме во историјата да ја пронајдеме последната финална средба во која тие загубиле.

Таквиот историски факт датира од финалето на светското првенство во Шведска во 1993година во Шведска. Тогаш Русија на Лавров и Душебаев, на Кудинов и Гребнев, Торгованов, Атавин и Кисељев ја декласира Франција со 28:19. За „галските петли„ тогаш настапија Годен, Џексон Ричардсон, Денис Лату и Фредерик Вол. Од тој момент на сите финални натпревари на кои играа, французите победуваа, а два пати тоа го направија и по продолженијата. Во две ситуации го победуваа домаќинот на турнирот: Хрвтска 2009 година на мундијалот и Данска минатата година на европското првенство. Еднаш, на светското првенство во 2001 година се радуваа како домаќини, со тешката победа во финалниот меч против Шведска.

СП - 1993 година: Русија - Франција 28:19 (Шведска)

СП - 1995 година: Франција - Хрватска 23:19 (Исланд)

СП - 2001 година: Франција - Шведска 28:25 продолженија (Франција)

ЕП - 2006 година: Франција - Шпанија 31:23 (Швајцарија)

ЛОИ - 2008 година: Франција - Исланд 35:29 (Пекинг, Кина)

СП - 2009 година: Франција - Хрватска 24:19 (Хрватска)

ЕП - 2010 година: Франција - Хрватска 25:21 (Австрија)

СП - 2011 година: Франција - Данска 37:35 продолженија (Шведска)

ЛОИ - 2012 година: Франција - Шведска 22:21 (Лондон, Велика Британија)

ЕП - 2014 година: Франција - Данска 41:32 (Данска)

Share