hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Н. Мојсоски: „Работев напорно, ослабев 5-6 колограми и ја надминав бариерата„

mnomce

Мечот со Тунис и нивните горостаси, со нивната агресивна, во првото полувреме и груба игра беше сериозен испит и за нашиот организатор Наумче Мојсоски. Нешто повеќе од една година од неговата сериозна повреда во дресот на Металург, стружанецот се врати во вистински момент и не се штедеше во најважниот меч во групната фаза во Доха. Мојсоски колку што се радуваше за победата на тимот, по мечот беше среќен и што уште еднаш покажа дека ова е нов негов почеток, а на репрезентацијата и тоа како му е потребен:

„Секако дека охрабрува оваа победа против Тунис и кај мене и кај тимот. Имаше еден вид бариера, долг вакуум, долг период мина од скоро една година како не играм вака важен натпревар. И јас бев малку во грч, но минав добри 25 дена подготовки, работев максимално силно и посветено. Ослабев 5-6 килограми и се надевам дека ова не е само една добра партија. Видов дека се движам лесно, финтирам лесно и само да нема такви повреди и се ќе биде во ред„ рече Мојсоски.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share