hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Ристовски: „Одбраната ми помогна и ми ја олесни работата„

borko-ristovski-624x475

60 минути со висока концентрација и многу квалитет понуди Борко Ристовски на мечот против Тунис и има голема заслуга што противникот во вториот дел не се спушти под три гола. Скоро половина од своите интервенции голманот на Кретеј ги имаше кога имавме човек помалку што има посебна тежина:

„Одигравме добар натпревар во одбраната што и мене многу ми ја олесни работата. Иако разликата не го покажува тоа, кога се ќе се собере имавме еден навистина тежок противник. Треба сите да бидеме задоволни од оваа победа и од тоа што одигравме можеби еден од најдобрите мечеви на оваа репрезентација на големите натпреварувања. Се надевам дека и на другите натпревари ќе бидеме на ова ниво и дека ќе се радуваме и на други победи. Ќе одиме чекор по чекор и мислам дека во овој момент нема потреба од некоја преголема еуфорија и некакви нереални очекување. Најважно е да го задржиме нивото" беше смирен Борко Ристовски по победата против афричкиот вицешампион.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share