hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Обрван: „Планот е секој да добие минутажа, но да не трпи резултатот„

ivica-obrvan-pres-doha-615x400

Јасни идеи и оптимизам го красеше селекторот Ивица Обрван на денешниот брифинг со новинарите во пресрет на средбата со Иран. Најави дека е презадоволен од целиот свој ростер од мечот со Тунис и дека ќе го искористи секој повикан ракометар и на мечот со Иран попладнево:

„Мислам дека нашата екипа е доволно квалиттена и свесна дека вчерашниот меч е завршен и сега следи нешто ново. Се освен наша победа, би било изненадување. Иранците се обидуваат да играат брза игра, се покажаа дека бековите се тие кои ја превземаат иницијатива, но тие трошат и доста топки трошат. Во првото полувреме ја надиграа БиХ, која беше нервозна и се до 50 минута беше неизвесно. Иран нема екстра силен играч. Мислам дека натпреварот е доволно долг, дури иако има нешто лошо, има време да се поправи. Никој не очекуваше со толкава разлика да го победиме Тунис, но проблем е што за 24 часа играте друг меч. Нормално е дека секој има своја вредност. План е да добијат голема минутажа, оние што не играа, но да не трпи резултатот. Не сме решиле уште како би било. Најважно е дека треба да ја задржиме свежината, па затоа сите треба да играат" рече на средбата со „седмата сила„ Ивица Обрван.

Share