Нашиот капитен влезе во игра во 20 минута и до одморот нанижа 4 гола. Успешно релизираше од седум метри и асистираше и во продолжението, па мечот го заврши со 9 гола. Подоцна го доби признанието за најдобар наш ракометар на средбата, што е прв негов часовник на ова светско првенство.
На претходното два пати беше избиран за најдобар во напиот табор на четири средби на колку што настапи. По некомплетното второ коло, Лазаров има 19 гола и е на второто место на листата на стрелците зад словенецот Драган Гајиќ.