hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Недановски: „Драги ми се головите, но посебно победата„

IRAN VS FYRO MACEDONIA 150117Qatar 2015 M15 IRI vs MKD- U8Y0891 xlarge1

Повикувањето на Владо Недановски на местото на Гоце Ојлески значеше дополнителен ракометар во ротација во двата правци, но и можност мотивираното крило да „одскокне„ на овој мундијал. Така и беше во второто полувреме на мечот со Иран, кога Недановски даде голем придонес во победата и се наметнува пред останатите три натпревари во групата:

„Посебни ми се драги овие голови, бидејќи се мои први голови за репрезентацијата на еден мундијал. Сепак важно е и што победивме и што сме многу блиску до осминафиналето. Вчера се потрошивме повеќе, но и денес моравме да „нагазиме„ бидејќи ова е светско првенство и тука нема слаби противници. Имаме слободен ден да ги „наполниме акумулаторите„ и потоа да се насочиме кон Босна и Херцеговина. Тој меч е многу значаен и верувам во оваа селекција и во успешно првенство„ рече ресенчанецот Владо Недановски, автор на четири гола, сите во второто полувреме. Два од нив во моментите кога се кршеше резултатот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share