hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Велко Марковски: „Одбраната има доволно енергија за понатаму„

IRAN VS FYRO MACEDONIA 150117Qatar 2015 M15 IRI vs MKD- U8Y0919 xlarge

По бројот на примени и голови на првата средба со Тунис јасно е дека нашата одбрана го положи тестот, а со 31 примен гол против Иран не беше на висината на задачата. Но дефанзивниот столб Велко Марковски смета дека не само што се победија првите два натпревари, туку се заштеди многу енергија:

„На првиот меч одбраната како и целиот тим функционираа одлично. Вчера беше нешто полошо, но најважно е што победивме и другото се заборава. Мислам дека на првиот натпревар повеќе се потрошивме одколку на овој вториот против Иран. Што се однесува до противникот кој ни следува, без разлика за непредвидливоста на Босна и Херцеговина јас сум оптимист и верувам дека ќе победиме„ ни рече столбот на одбраната Велко Марковски. Тој и Ацо Јоноски пак собраа многу комплименти за играта во одбрана на мечевите со Тунис и Иран.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share