hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: З. Мојсоски: „Потсвесно се опуштивме со Иран, но важни се бодовите„

10934545 10205829994651658 2046714501 n

Добро се ротираат нашите крилни ракометари и сите имаат добра реализација, а некои и одлична игра во одбрана. Златко Мојсоски на двата натпревари знаеше да донесе свежа крв во нашите редови и контранападите со неговата реализација не доближуваа до победите:

„Од искуство секогаш е така и се случуваат работи какви што ни се случија нас на мечот со Иран. После секој добар натпревар како нашиот со Тунис, следи потсвесно опуштање. Но добро е што го добивме натпреварот. Тоа останува. Имаме слободен ден, полека се навикнуваме на ритамот на живот во Катар и ќе бидеме уште подобри. Одмор, добро да го проучиме наредниот противник Босна и Херцеговина и да се обидеме да дојдеме до третата победа. Тоа е нашиот план за понатаму. Оптимист сум и мислам дека сме на правиот пат. Не грижете се за енергијата, имаме доволно сила за цело првенство„ ни рече ракометарот на Прилеп, Златко Мојсоски. Радува што Георгиевски, Недановски, Манасков и Златко Мојсоски во многу статистички категории високо котираат и само така да продолжат, ќе немаме проблеми на крилните позиции.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share