hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Сорондо: „Со медал в џеб, против Катар ќе биде полесно„

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA- MA20044A xlarge

И во одбрана и во напад и Лука Карабатиќ и Седрик Сорондо, двата кружни напаѓачи на француската репрезентација завршија лавовски дел од работата. Сорондо тврди дека финалниот меч ќе биде уште полесен за нив, не заради името на противникот, туку заради растеретувањето дека имаат освоено медал и сега ќе тргнат по златото, кое реално е единственото нешто кое ги задоволува:

„Тоа беше претежок меч, го знаевме тоа и останавме концентрирани и среќата не послужи во одредени моменти. Но имаме многу искуство од вакви натпервари, пак бевме одлучни и покрај тоа што сме нова екипа, со нови цели и денес мислам дека ја остваривме целта. Сега ни следи мечот на задоволството бидејќи веќе знаеме дека имаме медал в џеб„ радосен беше по мечот ракометарот на Барселона, Седрик Сорондо. Денес може да се констатира дека Сорондо е легален наслендик на Бертран Жил, кој со претходната генерација освои се што можеше да се освои.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share