hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Каденас: „Агинагалде може да биде клучот на натпреварот„

kadenas

На европските првенства победува Данска, а на светските Шпанија. Така вели традицијата на последните дуели на овие две репрезентации во пресрет на вечерашниот голем дуел од четвртфиналето. Селекторот на Шпанија, Маноло Каденас откри и каде може да се „скрши„ натпреварот за кој влогот е полуфинале:

„Данска е комплетна репрезентација. Во сите линии се одлично покриени. Единствена слаба страна им е што налетаа на Шпанија уште во четвртфиналето„ низ шега коментира селекторот Каденас. „Нашиот последен меч го игравме на европското првенство на нивни терен. Тоа беше изедначен меч до самиот крај. Нивната одбрана е посебна приказна. Знаеме дека тоа не е 6-0 класичен стил, бидејќи ги инвидуализира сите поединечни маркирања. Тука Агинагалде може да биде решавачкиот фактор. Ако ги гледаме мечевите на ова првенство, можеби ние покажавме нешто повеќе од нив, но ова е поинаков натпревар„ вели тренерот на Висла Плок и наследникот на Ривера на селекторското место. Мечот вечерва ќе има повеќе шпански од дански навивачи на трибините, но се предвидува многу помала посета од таа на мечот кој е претходница помеѓу Катар и Германија.

Share