hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Карабатиќ: „Ако не бидеме вистински, Аргентина може да не победи„

 France vs Sweden 150124Qatar 2015 M59 FRA vs SWE-GEO57 xlarge

И без Абало, со интерни проблеми, смена на капитенот, Нарцис со половина сила, Лука Карабатиќ со црвен картон во најчувствителната фаза, Франција најде ресурси за постојаниот минус во резултатот да го преточи во победа над Шведска за прво место во групата Ц. Новиот капитен Никола Карабатиќ стои цврсто на земја и не се става себе си ниту во улога на фаворит против селекции кои пред неколку недели убедливо ги совлада на турнирот во Нант. Имено ако „галските петли„ ја минат Аргентина, а Македонија слави над Словенија, 19 дена по финалето на турнирот во Нант, двете селекции ќе се сретнат и во мундијалското четвртфинале:

„Ние игравме и вечерва 100% против една одлична Шведска. Не калкулиравме, едноставно мечот така се одвиваше. На овој турнир играме поинаку, но сепак победивме. Ништо не планиравме однапред, сега играме со Аргентина и ако не бидеме прави сигурно дека може да загубиме. Тоа нема да биде истата Аргентина од Нант„ рече Карабатиќ.

Аргентина, па потоа можеби и Македонија. Исто како на турнирот во Нант? Одбравте добри тест противници? „Ние размислуваме само за Аргентина, потоа што ќе биде, ќе видиме, но потенцирам уште еднаш дека ако не сме како што знаеме, Аргентина може да не изненади„ заврши Карабатиќ. Франција со 9 бода го подобри својот мундијал од Шпанија пред две години, кога заврши како втора во групата и подоцна загуби од Хрватска во четвртфиналето.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share