hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лекција од Јиха за Исланд, Данска авторитетно против Русија

Russia vs Denmark 150122Qatar 2015 M48 RUS vs DEN- HOR0718 xlarge

Можеби некои не очекуваа, но Чешка сосема поинаки го почна мечот со Исланд, за разлика од оној со Египет. А и Палмарсон и другарите не личеа на оној тим кој му парираше на Франција. Штокл на голот одлично го отвори мечот, а Филип Јиха и Мирослав Јурка на чешките бели им донеси огромни 4:11 во 12 минута.

„Рибарите„ личеа како тим без одбрана а Кристјансен никако не можеше да ја најде формулата за враќање во мечот. По стомачните проблеми, конечно Јиха беше овој вистинскиот и во 21 минута погоди по седмиот пат за 9:16. На одмор чесите кои личеа како вонземјани за исланѓаните, заминаа со огромни и заслужени 11:21. Во вториот дел можеби се очекуваше враќање на исландските ракометари, но така авторитетно чесите го чуваа водството, што противникот не се спушти под 7 гола заосанување. Конечни 25:36 за витална победа за нашиот противник во евро-квалификациите, Чешка која сега сонува осминафинале. Во победничката репрезентација блескаше Јиха со 11 гола и играчот на натпреварот, голманот Петер Штокл. Кај исланѓаните буквално сите потфрлија. Фаворитот Франција реагираше по ремито со Исланд и убедливо го доби Алжир со 32:26 (19:12). Момците на Клод Онеста се потпреа на искусниот Мишел Гигу и неговите 7 гола. По 4 постигнаа Жером Фернандез, Мае и Порте. Кај Алжир најпозитивен беше Беркус со дури 11 гола. Македонските судии Начевски и Николов ја делеа правдата во мечот да се биде или не, посебно за руските ракометари во „Лусаил арената„ помеѓу Русија и Данска. По 20 израмнети минути после 20 минута, Хансен и другарите се одлепија и на одмор заминаа со високи 8:16. Во вториот дел „зборнаја„ реагираше, но недоволно да се спаси од трета пораз. Финални 31:28 за европскиот вицешампион. Во нивниот табор Расмус Лауге блесна со 9 гола, а Микел Хансен има 4 гола и исто толку асистенции. Кај Русија Шишкарев со 8 и Дибиров со 5 гола беа нешто попозитивни. На Русија му преостанува мечот со Аргентина, каде тимот на Кулешов мора да победи аз осминафинале.

Исланд - Чешка 25:36 (11:21)

Данска - Русија 31:28 (16:8)

Франција - Алжир 32:26 (19:12)

Share