hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Реми во драмата на Египет и Шведска, нова германска победа

Sweden vs Egypt 150122Qatar 2015 M43 SWE vs EGY- NB 2436 xlarge

Во амбиент како да се игра во Каиро, мечот на Шведска и Египет постојано одеше по теркот на египјаните. Се играше бавно, со многу цврсти дуели, немаше многу трчање што би им одговарало на „трите круни„ Шведска со головите на двете одлични крила Екберг и Калман се одлепи на 6:4, но од таа 13 минута на сцена стапи агресивната египетска одбрана, која ги остави без решение момците на Штафан Олсон и Ола Линдгрен. Хандави на голот правеше чуда, Али Мохамед и Мохамед Амер полека се доближуваа, а Ахмед Елахмар со два гола на одмор му донесе израмнување на „црвените„ Исклучувањата на Екберг и Тобијас Карлсон им дозволија на египетските ракометари да отидат до 11:15, па и 12:16 во 39 минута.

Јехиа Елдера блесна со 3 гола во одлепувањето на Египет. На половина од вториот дел конечно швеѓаните најдоа решение за „лудата„ египетска одбрана и Екберг со два гола го натера Марван Рагаб да побара тајм-аут при 17:20. Шведската игра беше само периодична и не делуваше така перфектно како со Исланд и Чешка. Пивотменот Абделрахман заради три исклучувања беше исклучен во 53 минута, па Шведска со младиот Виктор Остлунд виде шанса да се врати во мечот. Брзото крило на Кил, Екберг погоди уште два пати и стигна до 9 гола, па во 56 минута Шведска израмни на 24:24. Матијас Андерсон на голот влезе во ритам и му одбрани зицер на Мохамед Рамадан, па Екберг со нов гол од полуконтра на Шведска му донесе предност (25:24). Она што за Шведска беше Екберг, за Египет е Ахмед Елахмад кој со гол во стилот на Душебаев, израмни на 25:25 на 98 секунди до крајот. Двете репрезентации го прокоцкаа последниот напад и мечот заврши со поделба на пленот. Екберг со 10 и Елахмад со 9 гола беа супер расположени во двата табори. Чиста рутина беше мечот на Полска со Саудиска Арабија, кој момците на Биглер го добија со убедливи 32:13. Камил Сипрзак постигна 10 гола за победничката репрезентација. Алабдулали даде 4 гола за поразената Саудиска Арабија. Германија ја прокнижи третата победа во четвртиот натпревар и се наоѓа на чекор до првото место во групата, а знаеме дека со „вајлд карта„ дојде во Доха. Против во првото полувреме одличната Аргентина, момците на Сигурдсон пак се потпреа на своите непогрешливи крила и одличните голмани до победа од финални 28:23. Грецки постигна 7 гола, пивотменот Винцек додаде уште 5, а Лихтлајн имаше 15 одбрани. Кај „гаучосите„ Фернандез со 6 и Виера и Пизаро со по 5 гола оставија трага во овој одличен натпревар.

Египет - Шведска 25:25 (10:10)

Германија - Аргентина 28:23 (13:14)

Полска - Саудиска Арабија 32:13 (22:8)

Share