hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Русија гневна на судиите, младата Германија со втора победа

GERMANY VS RUSSIA 150118Qatar 2015 M20 GER vs RUS- OB 7046 xlarge

Русија пропушти голема шанса за победа против Германија, откако водеше 40 минути и на крај загуби со 26:27 (13:9) во „Лусаил арената„ во Доха. Во периодот кога Дибиров и другарите играа со еден или два ракометари помалку, русите примија 4-5 гола и водството го превзедоа момците на Сигурдсон.

До крајот и покрај играта со многу исклучувања, Атман погреши во додавањето и пропадната можноста за израмнување во последниот напад, во кој русите играа со човек помалку. Уве Генсхајмер со 9 и Патрик Грецки со 6 гола беа најефикасни во победничката селекција, а кај момците на Кулешов Игропуло со 6 и Дибиров со 5 гола беа најдобри стрелци. За Германија ова е втора победа во групата, додека Русија го доживеа првиот пораз. Во останатите натпревари постигнати се следните резултати:

Исланд - Алжир 32:24 (12:13)

Полска - Аргентина 24:23 (11:12)

Share