Македонија со просечна возраст од 30,2 години е највозрасната селекција на првенството. Зад неа е Шпанија со просек од 29,6 години, па Словенија и Полска кои настапуваат со ракометари со просечна возраст од 29,2 години. Ренато Вугринец е меѓу највозрасните учесници на мундијалот и со своите 39 години е на третото место во оваа категорија.
Повозрасни од ракометарот на Металург се само Мохамед Бакир од Египет и Игор Левшин од Русија. Најмлад учесник на првенството е чешкиот репрезентативец Микола Билик со само 18 години.