hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Хрватските и исландските стручњаци најзастапени во Катар

TUNISIA VS CROATIA 150117Qatar 2015 M17 TUN vs CRO-OW 11571 xlarge

На мундијалот во Катар балканските селектори се најзастапени. Тројца Хрвати, двајца Словенци и по еден Босанец и Црногорец стојат на кормилата на седум ракометни селекции. Со три селекторски места е застапен и Исланд, а Шпанија партиципира со двајца. Од Хрватите, во групата Б, Славко Голужа ја предводи Хрватска, Ивица Обрван ги води македонските ракометари, а Сеад Хасанефендиќ долги години е предводник на Тунис.

Дебитантите Иран и БиХ ги имаат Словенецот Борут Мачек, односно Босанецот Драган Марковиќ. Во групата Д, Исланѓанецот Дагур Сигурдсон ја враќа во „живот„ Германија, а Гудмундур Гудмундсон е наследникто на Вилбек во Данска. Шпанците Маноло Каденас и Валеро Ривера ќе ги „вкрстат копјата„ како селектори на Шпанија, односно на Катар во третото коло од групата А.

Share