hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров во екс-ју идеалниот тим

best eks yu

Читателите на порталот „Balkan-handball„ го избраа идеалниот тим од ракометари од бившите југословенски простори во кои секако свое место има и капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. Во идеалниот тим се наоѓаат пет хрватски ракометари: Мирко Алиловиќ, Домагој Дувњак, Мануел Штрлек, Иван Чупиќ и Игор Вори, босанецот Никола Прце и македонецот Кирил Лазаров.

Идеален селектор е Ивица Обрван и Борис Дениќ како негов помошник. Избран е и вториот најдобар тим во кој се наоѓаат македонците Борко Ристовски и Дејан Манасков, хрватите Игор Караџиќ, Иван Слишковиќ и Марко Копљар, словенецот Драган Гајиќ и босанецот Владимир Врањеш. Во изборот беа вклучени само ракометари и тренери од земјите учесници на мундијалот во Катар, така да србите и црногорците не можеа да бидат вклучени во гласањето.

Share