hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Главната опасност против Тунис доаѓа од Хасанефендиќ„

Kiril-Lazarov-1

Нашите ракометари веќе се подготвуваат за првата „домашна задача„ која се вика - Тунис. Од првиот натпревар и исходот во петок против африканците, зависат многу работи во Б групата. Капитенот Лазаров кој беше во ростерот и кога претходно на големите приредби игравме со туниските горостаси, најголема опасност гледа во нивниот искусен селектор, кој добро ги знае нашите врлини и маани. Но исто така и ние комплетно со скениравме неговиот стил и неговите ракометари:

„Знаеме каков е африканскиот ракомет, на каков стил на игра се навикнати ракометарите на Тунис, но знаејќи го нивниот селектор Хасанефендиќ треба да бидеме спремни на се. Знаејќи го неговиот систем на работа во германските клубови тој многу често го менува и тимот и формацијата како што минува мечот, во зависност од играта и резултатот. Како и да е, ние сме подготвени, а би било прекрасно кога мундијалот би го почнале со победа над една квалитетна селекција како што е Тунис, која исто така ќе атакува на висок пласман во Катар" рече Кирил Лазаров.

Share