hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шведска, Франција и Романија се водечки на вечната листа

stafan olson

Вкупно 10 земји најмалку еднаш го освојувале светското ракометно првенство, а на вечната листа со по 4 титули водечки се Франција, Шведска и Романија. Во шест случаи домаќинот на мундијалот станал светски владател: Германија во 1938 и 2007 година, Романија во 1970, Франција во 2001, Шведска во 1954 и Шпанија во 2013.

Трите најуспешни нации се единствени кои ја одбраниле титулата: Шведска 1954-58, Франција 2009-11 и Романија во два случаи 1961-64 и 1970-74. Три светски прваци се земји кои повеќе не постојат: Советскиот Сојуз, Југославија и Чехословачка. Во три случаи европскиот првак подоцна станал светски: Русија 1996-97, Шведска 1998-99, Франција 2010-11. Често финалните мечеви на мундијалите биле многу драматични, па пет пати се играле и продолженија. Последен пат во Шведска 2011 година, кога Франција ја совлада Данска во Малме.

Share