hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Не очекува мундијал во супер модерни и нови арени

arena 3

Ова светско првенство ќе се игра во нови, модерни и величевствени спортски сали. Нашата селекција ќе ги почувствува сите објекти кои организаторот наменски ги изгради за овој настан или за останатите големи спортски собири. Салата „Али бин Хамад ал Атијах" во Доха е повеќенаменската сала проектирана за ракометниот клуб Ал Саад за потребите и на клубскиот и репрезентативниот ракомет.

arena 4

Таа собира вкупно 7.700 седишта и лесно може да се трансформира во сала за хокеј на мраз. Против Босна и Херцеговина Лазаров и другарите ќе играат во салата „Али бин Хамад ал Атијах". Дуелот со Хрватска ќе се игра во спортската сала „Духаил" во една од најмодерните сали со капацитет од 5.500 седишта.

arena 5

Во тој спортски комплекс сместена и ракометната асоцијација на Катар, а има и две помали сали за тренинг, ресторани, медицински центар и пливачки базен. Финалните натпревари ќе се играат во салата „Лусаил" која ќе биде домаќин и на дел од нокаут мечевитен од осмионафиналето и четвртфиналето.

Share