hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Технологијата влезе за прв пат и во ракометот

rakomet gol tehnologija

По примерот на фудбалот и ракометот од ова светско првенство воведува технологија за помош на судиите во ситуации гол - не гол. Така на сите натпревари на светското првенство специјални камери ќе бидат поставени на стативите и ќе регистрираат дали топката ја минала гол линијата или не.

Со тоа загарантирана е непогрешливост при одлуката на снимката и нема да се повторуваат тензични и нејасни ситуации како во минатото. Нашата репрезентација беше сведок на таква ситуација на европското првенство во Србија во 2012 година. Тогаш на мечот со Германија, Кирил Лазаров постигна гол кој судиите не го признаа, иако видео снимките алудираа дека топката заврши од пречката зад гол линијата. Подоцна мечот го загубивме, иако со гол технологијата можеше да биде поинаку. Ваквата гол технологија ќе се користи и во натпреварите од Final four турнирот во Келн во мај оваа година.

Share