hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Рутенка: „Не би играл против цимерот во осминафиналето„

2014-04-10 FC BARCELONA - BM ARAGON 071.v1397251674

Во својот клуб се пријатели и цимери, а во националните репрезентации не се соочиле еден против друг, но можно е во осминафиналето на мундијалот во Катар, Македонија и Белорусија да се сретнат. Сергеј Рутенка и Кирил Лазаров се европски рекордени по бројот на освоени трофеи во кариерата и двајцата се „суво злато„ за своите репрезентации. Рутенка не ја посакува Македонија во Доха и во разговорот за ЕКИПА потенцираше дека таа тема често е на дневен ред меѓу цимерите:

„Имаме разговарано со Кире за овој светски шампионат, свесни сме дека можеме да играме еден против друг, но исто така и знаеме дека пред нас е долг пат на мундијалот. Да бидам искрен, не би сакал да играм против својот цимер во Катар, но ќе видиме што ќе се случи, доколку дојде до таков дуел сигурно ќе нема сентименталности, ниту кај мене ниту кај Лазаров" рече Рутенка за ЕКИПА.

Share