hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Очекуваме агресивен Тунис, но ќе одговориме со интелегенција„

lazarov na klupa

Во голема форма капитенот Кирил Лазаров го очекува мечот со Тунис и се надева дека како и во Шпанија 2013 година кога го совладавме Чиле на стартот, пак со триумф ќе почнеме едно светско првенство:

„Не нѐ плаши ништо, треба да мислиме само на себе, ако го испочитуваме она што го работиме овие 25 дена, а јас верувам во своите соиграчи, не треба да се плашиме од никого. Tие играат на граница на инцидент, очекувам да има многу исклучувања. Имаме доста играчи што се спремни да влезат во дуел. Имаме искуство со играњето со Тунис, тоа се стари и искусни играчи. Играат или играле во најдобрите 15 клуба во Европа. Ниту тие можат нас, ниту ние нив да ги изненадиме. Потребен е максимален фокус, максимална борбеност. Физички сме добро спремни, можеби најдобро од моето лично искуство што го имам со репрезентација.

Ни остануваат уште 24 часа до мечот и се надевам на борбеност, па среќата да нѐ послужи. Ние сме искусна репрезентација. Во првите 10 минути ќе се види која е нивната тактика. Ако почнат да излегуваат агресивно на нашите најдобри играчи, тоа ќе треба да го искористат другите. Не можеме да претпоставиме како ќе играат. Тие имаат добар тренер, кој потекнува од југословенската ракометна школа. Треба да бидеме подготвени на сѐ. Очекуваме агресивна игра, на која ќе треба да парираме со памет и интелегенција" рече Лазаров во разговор со македонските новинари во Доха.

Share