hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Се е спремно за спектакуларното едночасовно отворање во Доха

SDC10489

Големата „Лусаил спорт арена„ во Доха е подготвена за најспектакуларниот церемонијал на свечено отворање на еден ракометен мундијал. 24 светски самит на машкиот ракомет ќе биде отворен со едночасовно шоу во режија на „Дејвид Еткинс Ентерпрајс„ Исто така на трибината со новинарите ќе биде истакнато огромно знаме со димензии 50 метри должина и 30 метри висина.

Македонија на отворањето ќе ја претставува Даниел Кајмаковски, кој е дел од групата од 24 изведувачи, по еден од секоја земја учесничка, на химната насловена „LIVE IT„ Песната чиј текстописец и композитор е Свенунг Нигард од Норвешка уште ќе ја изведат Алиа од Словенија, Марија Шестиќ од Босна и Херцеговина, Лана Јурчевиќ од Хрватска и уште многу, многу други. На церемонијалот ќе говорат првите луѓе на организациониот комитет и на земјата Катар, како и првиот човек на IHF, Хасан Мустафа. Потоа од 18 часот по средно европско време првиот меч на турнирот ќе го одиграат Катар и Бразил.

Share