hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Марковиќ и Шариќ му донесоа историска победа на Катар

qatar-rakomet-mahmut-hasaab-624x417

Катар - Бразил 28:23 (15:12)

24 светско првенство го отвори дуелот на две селекции водени од шпански тренери и очекувано се радуваше поискусниот Ривера. Домаќинот Катар одлично го отвори мечот со динамичниот Бразил. Шариќ на голот и Хасаб Аба во првите 10 минути направија разлика и Катар поведе со 12:6. И Жарко Марковиќ со 3 гола во првиот дел ги оправда очекувањето од него.

Реакцијата на бразилците дојде во последната фаза од полувремето кога со голови од транзиција „кариоките„ намалија на 15:12 на одмор. Инерцијата од првиот дел продолжи и во второто полувреме кога Шариќ комплетно го откажа нападот на јужноамериканците. Марковиќ со клучните голови ги одби последните напади на жолто-сините. На крајот црногорецот и Хасаб Аба со по 6 гола беа најефикасни во победничкито Катар кој стигна и до осетливи 28:23 на крајот. Бразил едно ниво од жилавиот противник на претходниот мундијал во Шпанија. Утре првото коло во А групата го комплетираат: Шпанија - Белорусија и Словенија - Чиле.

Share