hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Зрело и комплетно издание за прва победа над Тунис

FYRO MACEDONIA-TUNISIA 150116Qatar 2015 M6 MKD vs TUN- HOR9003 original

Б - група

Македонија - Тунис 33:25 (18:14)

Првиот меч на мундијалот во Катар беше и дуел на клубските колеги од Барселона, македонецот Лазаров и тунижанецот Жалуз. Носени од скоро 2000 навивачи, момците на Хасанефендиќ поведоа по 50 секунди со голот на Ахмен Хамед. Веќе во следниот напад Жалуз ефектно зголеми на 0:2. Реакцијата на нашиот тим беше седмерецот изнуден од Никола Марковски и реализацијата на Кирил Лазаров.

Капитенот и Дејан Манасков го искористија исклучувањето на Хмам и Македонија израмни на 3:3 во 6 минута. По прекрасна комбинаторна акција, Исам Теж го врати туниското водство, пред Миркуловски да возврати (4:4). Во 8 минута конекцијата Ристовски - Лазаров го донесе нашето прво водство, а Миркуловски и со човек помалку реализираше за 6:4. Сепак одбраните на Борко Ристовски му дадоа сигурност на целиот тим и Македонија дури по 8-9 минути, започна да личи на себе. По чудесното додавање на Наумче Мојсоски, Стоилов од линијата погоди за веќе осетливи +3 за нашите ракометари. Хасанефендиќ мораше да побара минута одмор, откако проработе нашиот блок, а Миркуловски му подготви зицер на Дејан Манасков за 8:4. Нашата одлична игра во двата правци, донесе акција од учебниците и гол на Гоце Георгиевски за 9:4. Капитенот делеше асистенции и Манасков од спротивното крило го потврди нашиот добар момент (10:5). На половина од првиот дел погоди и Наумче Мојсоски и Обрван имаше многу расположени ракометари (11:5). Тунис возврати со по еден гол од двете крилни позиции на Санаи и Бугани за 11:7 во 18 минута.

FYRO MACEDONIA-TUNISIA 150116Qatar 2015 M6 MKD vs TUN- HHO0443 original

Бугани заслужи чист црвен картон заради ударот во главата на Прибак во 18 минута, но германските судии покажаа само две минути исклучување. И во игра пет на пет во поле, нашиот напад беше разновиден. На голот на Бен Салах, одговори Стоилов со лесен гол од шест метри (13:8). На крилата на своите навивачи, тунижаните преку Жалуз возвратија и го принудија Обрван на тајм-аут на 13:10 во 22 минута. Загрижуваше доближувањето на противникот во резултатска смисла и двете исклучувања на Ацо Јоновски по 23 минути игра. Жалуз од гол на гол ја подигна туниската публика со гол за 14:12, а Таж погоди за 14:13 со исклучување за Недановски и дојдоа проблемите за нашиот тим. Бројот на наши технички грешки ги достигна туниските 5 и мечот пак дојде крајно израмнет. Лазаров со четвртиот гол ја прекина туниската еуфорија, но на ист начин возврати Мосбах Санаи (15:14). Георгиевски и Стоилов пак го одлепија нашиот тим со важни голови по изработени акции (17:14). Во последните секунди од првиот дел Наумче Мојсоски го постигна својот четврт гол и на одмор заминавме со 18:14. Вториот дел започна со најдобрата можна комбинација на случувања. Стоилов изнуди седмерец и второ исклучување на Таж, а Лазаров со петтиот гол зголеми на 19:15.

FYRO MACEDONIA-TUNISIA 150116Qatar 2015 M6 MKD vs TUN- HHO8868 original

Брзо до пет гола како и капитенот дојде и Манасков за 21:16 во 35 минута. Наиде период во кој двата напади беа подобри од одбраните и по 38 минути игра Македонија имаше стабилни 23:17. По исклучувањето на Стојанче Стоилов, Меганем и Теж ја спуштија дистанцата ан 23:19. Лазаров го постигна својот седми гол, во период со играч помалку за 24:19 на половина од вториот дел. И Никола Марковски се запиша меѓу стрелците за пак нешто покомотни +6. Но Тунис се врати со два гола за Теж и Жалуз и исклучување на Велко Марковски за 25:21 во 48 минута. Борко Ристовски со 10 одбрани од кои половината со човек помалку не одржа во живот, а Миркуловски постигна важен гол за 26:21 во 52 минута. Многу искусно Лазаров со осмиот гол и Георгиевски по контра лансирана од Борко Ристовски не донесоа на чекор до победата (28:21). Ефектно од седум метри, капитенот Лазаров со својот деветиот гол не донесе до недостижни +9. Миркуловски го зададе завршниот удар и со 32:23 и се влезе во последните 2 минути. На влезот во последните 90 секунди, Лазаров го постигна својот десетти гол за 33:23 и потврда на убедливата победа.

FYRO MACEDONIA-TUNISIA 150116Qatar 2015 M6 MKD vs TUN- HOR8828 original

На крајот Жалуз и другарите постигнаа два гола за финални 33:25. Комплетно издание на нашиот национален тим и победа која влева голема самодоверба. Лазаров со 10 гола беше наш најефикасен играч, Манасков и Миркуловски додадоа уште по 6, Борко Ристовски имаше 11 одбрани. Кај Тунис Жалуз и Теж со по 4 гола беа најпозитивните. Утре од 17 часот по македонско врме следува мечот со Иран, со кого прв пат ќе играме на едно прво полувреме.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share