hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Хасанефендиќ: „Македонија има искуство, има и звезди, го сруши нашиот сон„

HASANEFENDIC

Искусниот стручњак на клупата на Тунис, Сеад Хасанефендиќ на средбата со новинарите по мечот се сложи дека Македонија беше подобар и единствен противник кој ја заслужи победата. Делуваше загрижено со оглед на тоа што по Македонија им следи, Хрватска, но не пропушти да ги наполни со комплименти нашите ракометари:

„Се подготвувавме за овој натпревар со цел да победиме, но нашиот сон треаше 6-6 минути, ништо повеќе. Македонија има играчи со повеќе искуство, играа одлично во одбрана, имаат големи играчи, звезди. Не можеме да бидеме задоволни од играта, а во следното коло играме со Хрватска, која е уште посилна. Мислам дека нашата игра ќе биде подобра, бидејќи денеска не беше како што посакувам„ рече Сеад Хасанефендиќ на прес конференцијата по натпреварот.

 

Share