hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Хрватска се мачеше, Германија му се реваншира на Полска

POLAND VS GERMANY 150116Qatar 2015 M9 POL vs GER- HOR90sssss34 original

Тандемот Генсхајмер - Вајндхолм успеа да им се реваншира на полските ракометари за поразот во квалификациите и Германија ја совлада Полска во со 29:26 (17:13) во мечот кој во „Лусаил арената„ се играше веднаш по нашиот со Тунис. Скопските судии Николов и Начевски го водеа мечот во кој Германија многу подобро ги исконтролира емоциите и со видно подмладен тим успеа да оствари многу значајна победа.

Кај Полска стариот бран на ракометари не одговори на очекувањата и ќе мора да се „вади„ на наредните натпревари. Хрватска се „потеше„ за победа од 32:30 (16:13) против Австрија во меч во кој дури на половина минута до крајот „коцкестите„ го скршија отпорот на жилавата Австрија. Во останатите натпревари постигнати се следните резултати:

Словенија - Чиле 36:23 (16:14)

Алжир - Египет 20:34 (9:17)

Шпанија - Белорусија 38:33 (21:17)

Share