hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Иран играше само едно полувреме, сигурен старт на Б и Х

BOSNIA AND HERZEGOVINA - IRAN 150116DSC 9178 original

Б и Х - Иран 30:25 (12:16)

Двете репрезентаци влегоа конфузно во мечот и многу често се грешеше. Естеки со водени 3 гола во првите 6 минути ги опомена босанците. До 6:6 се играше израмнето, а потоа иранците се одлепија како резултат на брзите полуконтри и лесните голови.

Физички моќните момци на селекторот Мачек неочекува лесно тактички се одлепија и по исклучувањето на Савиќ на крајот на одмор заминаа со комотни 12:16. Но на почетокот на вториот дел, предводени од Челица, босанците направија серија 6:0 и го превзедоа водството. Бројот на технички грешки на иранцската селекција стана неподносливо висок и поискусните жолто-сини знаеа тоа да го искористат. Буриќ блесна на голот, Вражалиќ му се приклучи на Челица и на 5 минути до крајот веќе беше 28:23. До крајот лесна победа на момците на Марковиќ со 30:25 , но и опомена дека со другите селекции во групата мора да се игра повеќе од едно полувреме. Во вториот меч од најраниот денешен термин Русија лесно се справи со Саудиска Арабија и ја совлада со 27:17 (17:9).

Share