hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Онеста, Ривера и Штафан Олсон единствени селектори со светска титула

onesta

Предводникот на Франција Клод Онеста кој со Франција беше двоен светски првак, 2009 и 2011, легендарниот швеѓанец Штафан Олсон кој беше првак на светот во 1990 и 1999 година и селекторот на Катар, шпанецот Валеро Ривера кој пред две години со својата Шпанија го освои златото, се единствените селектори кои имаат светска титула на ова работно место во Доха.

Хрватскиот селектор Славко Голужа беше светски првак, но како ракометар на мундијалот во Португалија во 2003 година. Дури 8 репрезентации од 24 колку што учествуваат во Катар имаат селектори странци, а меѓу нив е и Македонија со Ивица Обрван.

Share