hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

По Лук Абало и Даниел Нарцис нема да настапи на мундијалот

narcis

Големата француска звезда и најдобриот ракометар во светот за 2012 година, Даниел Нарцис ќе го пропушти светското првенство во Катар заради повреда. Само неколку дена откако Лук Абало не беше сврстен меѓу патниците за Доха, нов голем „удар„ за селекторот Клод Онеста.

Нарцис требаше да паузира десетина дена заради повредата на бутниот мускул, но откако се испостави дека паузата ќе биде подолга, Онеста не го сврсти во дефинитивниот список. Нарцис заради повреда не играше и на мундијалот во Шведска 2011 година, кој триколорите го освоија со драматичната победа по две продолженија во Малме, против Данска.

Share