hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за „Телеграф„: „Македонија ја гледам рамо до рамо со фаворитите„

mak-izr-5

Во интервјуто за „Телеграф„ капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров ги потврди високите амбиции на црвено-жолтите во Катар. Исто така ракометарот на Барселона потврди дека во ваков турнирски систем многу е важно да се биде подготвен во нокаут - фазата:

„Мора да бидеме реални и да кажеме дека имавме среќа и поволна ждрепка, која мора да ја искористиме. Лично не се преоптоварувам со ниту еден противник. Нашата цел е пласман меѓу најдобрите осум. Поради тоа мислам дека нема ништо да значи ако имаме максимален ефект во групата, а кикснеме во осминафиналето. Нема да биде катастрофално ако загубиме некој меч во прелиминарната фаза. Најважно е да ја истемпираме добро формата и во осминафиналниот меч да покажеме добра партија и со тоа да ја реализираме целта„ рече Лазаров.

Комплетното интервју можете да го прочитате ТУКА:

Share