hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за СПОРТМЕДИА: „Сакам да играм на Олимпијада како Македонец, не како Шпанец„

sportmedia 1

Кирил Лазаров и во 2014 беше предводник на репрезентацијата, а со Барселона освои шест нови титули и „бомбардираше" низ Шпанија, по Европа, па дури и во Катар прикажувајќи партии врвни и за европски стандарди. Повторно постави пример како треба да изгледа еден врвен македонски спортист и затоа заслужи во изборот на „Спортмедиа„ да биде прогласен за најдобар спортист за 2014 година. Во опширното интервју најдобриот македонски ракометар ги анализираше сите детали за неговата ракометна година:

„Кога ќе се земе сѐ предвид, може да се каже дека 2014 беше успешна сезона на индивидуален план за мене. Јас сум амбициозен човек, амбициозен спортист, некогаш и преамбициозен и си вршам сам на себе притисок. Можеби некогаш нереално, но секогаш посакувам повеќе. На репрезентативен план, на ЕП во Данска целта ни беше да го поминеме првиот круг. Тоа и го направивме, а потоа посакувавме и повеќе, и имавме шанса. Шансата ни беше Исланд, имавме добиен натпревар, но го загубивме. Со тие два бода ќе котиравме многу повисоко, во прилог ни одеа и другите резултати, меѓутоа што е – тука е. Ја исполнивме примарната цел и сакавме да добиеме полесен противник во баражот, и го добивме најпосакуваниот. Одигравме можеби не толку квалитетно, но во Скопје ја демолиравме Грција. Морам да ги истакнам и натпреварите со Швајцарија и со Чешка, освоивме бод на жешкиот терен во Чешка, нешто што никогаш досега не ни успеало. Кога ќе се собере сѐ на репрезентативен план, можам донекаде да бидам задоволен затоа што главната цел допрва доаѓа, а таа е Светското првенство во Катар и квалификациите за Олимписките игри" потврди Лазаров.

Комплетното интервју можете да го прочитате ТУКА:

Share