hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Ристовски на иста фрекфенција

Kire-i-Borko1

Во напоредното интервју за „Македонски спорт„ најискусните македонски репрзентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски говорат за нивниот однос, за нивното другарство кое трае скоро колку нивните кариери. Заедничката репрезентативна приказна на капитенот Кирил Лазаров и голманот Борко Ристовски почнува пред 15 години, кога во 2000 за првпат се соиграчи во јуниорската селекција на Европското првенство во Атина.

На македонската (не само спортска), европската и светската јавност ѝ се веќе добро познати, како едни од нашите најуспешни спортисти, а нивната професионална кариера се следи во чекор. Во последнава деценија Кире и Борко се и столбот на нашиот национален тим, а покрај улогата на лидери која ја делат, во текот на подготовките и репрезентативните настапи ја делат и собата. Иако Кире е две години повозрасен од Борко, меѓу нив низ годините се развива врска што прераснува во вистинско пријателство. Така, во овој период на темпирање на формата за учеството на Македонија на Светското првенство во Катар, тие фигуративно кажано дозволија „Македонски спорт" да ѕирне во она што се случува меѓу нив надвор од теренот. Со одговорите на нашите прашања понудија една поинаква перспектива еден за друг за, се надеваме, празнично уживање на нашите читатели.

1. Цимери, дали тоа значи и најдобри другари?

КИРЕ:
Ние сме другари со Борко многу одамна, за да се стане другар не може да се каже или да се нареди 'еј ти ќе ми бидеш другар'. Со Борко се почувствувавме дека сме сродни души. Тоа што јас го правам, моите манири, добри или лоши, нему не му пречат, ниту, пак, мене ми пречат неговите. Имаме максимална доверба еден во друг, се поддржуваме, постои толеранција, меѓутоа кога не одат работите, не само на терен туку и општо во животот, подготвени сме да си кажеме во лице и си кажуваме и го прифаќаме тоа без ниту еден проблем. На сите мои успеси искрено се радува и се чувствува тоа во гласот, во пораката што ќе ми ја испрати. Дури и кога немаме ракометни обврски, доволно е да се заврти телефон и веднаш има договор за дружба

БОРКО:
Доста добри пријатели сме и на теренот, но и надвор од него. Контактираме константно, а кога сме во Македонија задолжително се гледаме и се дружиме и кога немаме обврски со ракометот. Нè спои истиот начин на размислување и погледи кон спортот и животот. Се наоѓаме на иста фреквенција за многу работи, особено за ракометот, и често разговараме, меѓусебно си помагаме со совети и сугестии и сето тоа придонесе да изградиме едно убаво другарство.

Share