hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за СПОРТБОКС: „Осминафинале, за се или ништо„

TKqobrBonZ5q8XVgprT0BIJBoMDClA-9bb37N7wiT8c

Најдобриот голгетер во националниот тим Кирил Лазаров останува на ставот дека неговите голови имаат значење само кога тие се во полза на тимската победа, иако е несомнено дека тој одново ќе биде во трка со најдобрите и за индивидуалните награди. Во интервјуто за „СПОРТБОКС„ говореше за клучните моменти на мундијалот:

„Мора да бидеме реални и да кажеме дека имавме поволна ждрепка. Бевме добро рангирани, а и ние самите се изборивме за тој висок рејтинг, кој го имаме во последните три-четири години како постојани учесници на големите натпреварувања. Тоа секако носи и респект од противниците кои ги имаме без разлика од која класа се. Имавме среќа и поволната ждрепка треба да ја искористиме. Јас лично не се преоптоварувам со ниту еден противник. Разговаравме меѓу нас, играчите, и заедничко мислење е дека може да бидеме максимално успешни во групата, да ги победиме сите пет натпревари. Но, тоа нема ништо да значи ако го загубиме шестиот меч, осминафиналето. Значи нашата цел е пласман во првите осум. И една победа во група да имаме, да се пласираме во вториот круг, а во осминафиналето ако победиме примарната цел ќе биде остварена.

Треба убаво да ја истемпираме формата за на 25 јануари, кога се играат првите елиминации да бидеме во вистинска форма и здрави и подготвени да пружиме добра партија, тоа е најважно во овој момент. Оваа група да ја искористиме да се воиграме и секако да победуваме, на тоа ќе целиме на секој натпревар и на дуелот со Хрватска, само така се создава победнички менталитет и ги пробиваме нашите лимити, само со такво остварување и одговорност. Но, нема да биде нешто катастрофално ако „кикснеме" на некој натпревар во групата. Посакувам ние да бидеме на потребното ниво. Од натпревар во натпревар да растеме како репрезентација, да се надградуваме и да стекнеме сигурност. Без разлика, осминафиналето е еден меч, а зборувам како веќе да сме пласирани таму затоа што сигурно верувам во такво нешто. Психолошки да се подготвиме, да ги средиме главите, одиме на се или ништо, секако дека посакувам некој полесен противник, ако има некој таков, но сигурно дека нема со оглед на тоа дека ова е СП.

Можеби вкрстуваме со полесна група, но таквата констатација е една голема замка. Ако Шпанија ја издвоиме како фаворит, а ние заземеме некое од првите три места и ја избегнеме неа, како опција ја имаме Словенија, екстремно добра репрезентација, полуфиналист... тим, кој расте од година во година, играат навистина модерен ракомет. Да го посакаме Катар? Не можеме да бидеме фаворити против нив, тие вложија милијарди, се е ставено на една карта. Тие сакаат полуфинале, домаќини се, натурализираа многу играчи и тоа екстра квалитетни играчи. Би бил многу храбар кога би рекол дека го посакувам Катар. Нема посакување, треба едноставно да се посветиме на самите себе и да се издигнеме над нашите можности за да може се најдеме во четвртфиналето." заклучи националниот капитен.

Комплетното интервју можете да го прочитате во најновото издание на „СПОРТБОКС„

Share