hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Тунис ја „среди„ и Словачка и ќе се бори за трофејот со домаќиниот

sead hasanefendic tunis

Првиот мундијалски противник на Лазаров и соиграчите, ракометарите на Тунис ја забележаа и втората победа на меѓународниот турнир „Жолтиот Куп'' кој се одржува во Швајцарија. Селекцијата на Тунис откако ја победи Белорусија со 34:30, во саботата попладне во Винтертур славеше победа и против репрезентацијата на Словачка со 28:27 (12:13).

Со 6 постигнати голови Бугханми Осама беше најефикасен во селекцијата на Тунис, па Жалуз и Хамед Ајемен постигнаа по 5 гола. Настапот на овој турнир селекцијата на Тунис ќе го заокружи со неделниот дуел против Швајцарија која ја совлада Белорусија со 26:25 (10:12).

Share