hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Австрија делува моќно, а Б и Х незагреано пред мундијалот

szilagy

Селекцијата на Австрија со која редовно се среќаваме на последните големи приредби синоќа ја совлада Швајцарија со 32:23 во претпоследниот мундијалски тест. Селекторот на Австрија, Партекур Јоханесон им даде шанса на сите ракометари,а 6 гола беа дело на Раул Сантос додека по 4 пати во листата на стрелците се запишаа Виктор Силаџи и Никола Билик. Австрија и Швајцарија ќе одиграат уште еден контролен меч и тоа вечерва од 20 часот.

Босна и Херцеговина забележа пораз во првиот подготвителен натпревар по пристигнувањето во Катар. Синоќа во Доха, нашиот противник во групата, загуби од Португалија со 26:22, покажувајќи многу лимити во својата игра. Најефикасен играч кај Б и Х беше Дејан Малиновиќ со 6 гола, додека од составот изоставен е Никола Прце, кој се уште не е фит по повредата. Вечерва Б и Х ќе игра пријателски меч со Катар.

Share