Македонија ја положи „генералката“, совладан Израел во Пореч
Македонија - Израел 38:37
Македонската ракометна репрезентација славеше со 38:37 против Израел на „Кроација Куп" во Пореч. Ракометарите на Кире Лазаров имаа контрола врз поголемиот дел од мечот, а во првиот дел стигнаа и до водствo од седум голови. На одмор македонските ракометари стигнаа со предност од четири погодоци (23:19).
Израел почна да се буди во вториот дел, додека Лазаров тестираше дел од ракометарите, па поради тоа почна да се топи предноста и на крајот изнесуваше само еден гол.
Најдобар кај Македонија беше Дејан Манасков со 11 гола, пред Филип Кузмановски со шест реализации. Томислав Јагуриновски заврши со четири гола, исто колку што даде и Гоце Георгиевски, додека Жарко Пешевски стрелаше трипати.
Македонските ракометари се враќаат во Скопје, селекторот ќе го направи дефинитивниот избор и следната недела експедицијата патува за Краков. Дебито е следниот петок против Норвешка во „Таурон Арена".