hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Спектакуларен меч во Пореч, Македонија во машки дуел загуби од Хрватска

mkd cro

Хрватска - Македонија 40:34 (22:19)

Ракометната репрезентација на Македонија го загуби пријателскиот натпревар од Хрватска во Пореч, тоа беше ефикасен дуел кој домаќините го добија со 40-34. Селекторот Лазаров им даде шанса на сите ракометари, а во Скопје заради оправдани причини останаа Кузманоски, Митревски и Талески.

Нападот функционираше на добро ниво, но ни недостасуваше одбрана, примивме дури 40 голови. По првите 30 минути беше 22:19. И вториот дел Хрватите го добија со три голови разлика, конечниот резултат гласеше 40:34.

Манасков со девет гола беше најефикасен, одлична партија пружи пружи и Кузмановски со осум, а на четири застана Јагуриновски. Кај Хрватите, Мартиновиќ белескаше со осум погодоци. Утревечер од 20:15, го играме вториот тест во Пореч, против Израел.

Share