hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го скрати списокот за Светското првенство во Полска и Шведска

kire sp polska 2023

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собир и настап на претстојното Светско првенствои кое ќе се оддржи во Полска и Шведска во период од 11.01 до 29.01.2023 година.

lazarov-spisok-sp

Машката сениорска репрезентација е дел од групата Ф заедно со репрезентациите Норвешка, Аргентина и Холандија, а натпреварите од групата се играат во Краков, Полска во „Таурон Арена".

Македонските ракометари настапот во Краков го започнуваат на 13 јануари против репрезентацијата на Норвешка во 20:30 часот. Потоа следи дуелот против репрезентацијата на Холандија на 15 јануари во 18:00 часот, а последниот натпревар од групната фаза е на 17 јануари против Аргентина во 18:00 часот.

Собирот на репрезентацијата е закажан на ден 20 декември во 11:30 часот во хотелот „Александар Палас" во Скопје.

Share