hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Жељко Муса претставен во Магдебург

musa 3

Хрватскиот реперзентативен кружен напаѓач, Жељко Муса официјално беше претставен во неговиот нов клуб, германскиот Магдебург. Постојаниот прогрес на овој славен германски клуб ги привлече и ракометарите од ранготна Муса, кој во наредните две сезони ќе го носи зелениот дрес.

„Веќе неколку недели сум во Германија и на моето семејство, посебно на моите ќерки, овде им се допаѓа. Веќе почнавме сите заедно да учиме германски јазик„ потврди Муса. Тој беше првак на Хрватска со Загреб и на Полска со Виве Тарги Киелце, од каде што дојде во Бундеслигата. Муса го одбра дресот со број 2 на грбот. Магдебург како и другите бундеслигаши ја минуваат втората недела од подготовките за новата сезона.

Share