evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

14.10.2015 Mundodeportivo

mundodpe2

Откако одработи еден рекорд, Кирил Лазаров вечерва најверојатно ќе биде актер и на уште еден. Ако Барселона ја добие екипата на Сиудад Енкантада во „Палау Блауграна" ќе наниже 67 врзани победи и ќе го мине Сиудад Реал по бројот на последователни триумфи во ASOBAL ерата. Во опширното интервју за „Мундо Депортиво" , Македонецот говореше за можноста за уште еден рекорд и за што уште многу спортски теми.

„Ќе се обидеме да победиме и на овој натпревар и да влеземе во историјата. Бев во Сиудад Реал кога го остварија претходниот рекорд, сега сум во Барса и задоволоство ми е што сум дел од оваа серија. Рекордите се за да се рушат и ние имаме големи шанси да ги срушиме„ вели ракометарот со број 77 на Барселона.

Тој откри дека и во 35 година од животот се чувствува на врвот од формата:

„ Чувствувам дека сум во најдобриот период од мојата кариера. Трета сезона сум во Барса и ми годи системот на игра и одговорам на барањата. Нема стари и млади, туку добри и лоши. Јас напорно работам цело време и тоа е единствената формула да се виде во форма. Ракометот е моја голема љубов, а мотивацијата во Барселона уште повеќе ми порасна. Кога секоја година имаш се повеќе и повеќе искуство, се правиш со уште поголема леснотија. Најважно е да веруваш во себе и да даваш 100%. Некогаш постигнувам голови, некогаш тоа го прави некој друг, но најважно е да се победи„ вели во свој стил Лазаров.
„Да ми речеше некој кога почнував на 15 години во Борец дека ќе стигнам до овие бројки и рекорди немаше да му верувам. Не е лесно да се одржиш сите овие години, со малку повреди, малку падови во формата. Задоволен сум и горд на на себе. Оваа Лига на шампиони е потешка, ќе има посилни ривали и повеќе јаки натпревари, какви што немаше минатата година. Тоа добро ќе ни дојде. Ќе се обидеме да ја одбраниме титулата, иако знам дека нема да биде лесно" како и секогаш амбициозен е десниот бек на Барселона и македонската репрезентација.

Тој обелодени и како го избрал дресот со број 77 и кои се спортистите на кои им се воодушевува.

„Пред да играм ракомет, играв кошарка и заради Тони Кукоч го одбрав дресот со број 7. Ми се допаѓаше неговиот стил. Сега му се воодушевувам на Меси и на Ѓоковиќ. Не разбирам многу од фудбал, но Меси е јасно подобар од Кристијано Роналдо„ заврши Лазаров, кој на Каталонците им ја откри и страста на нашиот народ за ракометот посебно во последните години со растот на Металург и Вардар.