hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија е кошмар за Полска на големите приредби

mkdfdh
0

Вечерва во „Краков арената" Македонија и Полска ќе го одиграат третиот меѓусебен натпревар во историјата. Во Вараждин во јануари 2009 година, Македонија за првпат се сретна и ја совлада Полска со 30:29. Капитенот Кирил Лазаров постигна 13 гола, а таа победа без разлика што не ни донесе пласман во полуфиналето е окарактеризирана како една од нашите најголеми победи на сите времиња.

Уште поголема лекција полските ракометари, водени од Богдан Вента, добија во белградска Арена три години подоцна, во втората групна фаза на европското првенство. Македонија на Шундовски го победи големиот ривал со 27:25, а со играта беше дури и поубедлива. Пак капитенот Лазаров со девет гола беше нерешлива енигма за противникот.

Нека биде така и вечерва во „Краков арената" во третиот меѓусебен меч на двете селекции.

Share