„Од синоќа многу шпански новинари почнаа да ми се јавуваат и да ме прашуваат за македонската репрезентација.
Јас, да бидам искрен, не сум видел ништо од трите натпревари на шпанската селекција, но знам дека се работи за најдобрите светски ракометари, играат долго време заедно и нималку не е лесно да се игра против нив", рече Гонзалез.