hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Станиќ ја спаси Србија против Полска

darkos stanic

Отворањето на групата на смртта, Ц групата во „Енерџи Парк Арената„ во Архус целосно ги оправда очекувањата. Иако не играа најквалитетно, Србија и Полска одиграа крајно драматично. Нашиот северен сосед беше скоро па перфектен во првиот дел. Одбраната често ги принудуваше полјаците на удари во блокот и технички грешки, а само бившиот соиграч на Лазаров, Мариуш Јуркиевич редеше голови. При 13:8, србите примија гол со звукот на сирената и тој гол ја најави серијата на избраниците на Михаел Биглер.

Во првите 6 минути од вториот дел, на крилата на Јашка, Полска од -4, дојде до +2 и психолошка предност. Но србите веруваа дека се посилен противник. Станиќ поврза 4-5 интервенции, полјаците промашија три седмерци (два пати не ја погодија рамката од голот) и Стојковиќ со два гола ја врати Србија во водство (18:16). Кога се чинеше дека головите на Зеленовиќ ја донесоа победата на 20:18, момците на Матиќ се опуштија. Рниќ направи пробивање, Шмал го одбрани седмерецот на Вујин и Полска имаше последни 20 секунди за израмнување. Дури и Манојловиќ заработи исклучување, но Бартош Јурецки изнудено шутираше, па Станиќ со 17 одбрана ја донесе победата на сребрените од пред две години. Во победничкиот тим дури 11 стрелци, а покрај Станиќ одлични беа и Вујин, Зеленовиќ и Стојковиќ со 3 гола. Кај Полска единствена светла точка, Јуркиевич со 5 гола, а залудни беа 14 одбрани на Славомир Шмал. Во мечот од Д групата во Копенхаген, Хрватска прелесно ја совлада Белорусија со 33:22 (16:11) со континуирано водство во текот на сите 60 минути. Хорват и Чупиќ со по 6 гола беа најефикасни во тимот на Голужа. Сергеј Рутенка постигна само еден гол и тука лежи причината за лесно претрпениот пораз на Белорусија.

Share