hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров фантастичен, Чешка извлече реми

MKD - CZE Lazarov 560

Европско првенство - А група (2 коло)

Mакедонија - Чешка 24:24 (10:11)

Можеби клучниот меч за пласман во втората фаза, нашите ракометари го почнаа одлично. Борко Ристовски го одбрани седмерецот на Филип Јиха, а капитенот Лазаров го отвори натпреварот со водечки гол. Потоа нашиот најдобар стрелец реализира два седмерци, кои ги изнуди Миркуловски за 3:1 во 6 минута.

Минута подоцна капитенот додаде до Георгиевски и крилото на Металург, брзо го реализираше исклучувањето на Хорак (4:2) Ангеловски од полуконтра ја разби одбраната на противникот, но веднаш возврати Штелик со гол од чекор. Ристовски и нашата одбрана ги поставија контурите, Јиха започна бледо како и против Австрија, а Миркуловски во 12 минута донесе комотни 6:3. Но бомбардерот на Кил со евро-гол и Јурка од крило во транзиционен напад, го доближија противникот до 6:5. Но нашиот црн периот предолго траеше па Штелик и Јиха со своите втори голови, во 18 минута за прв пат му донесоа водство на чесите (6:7). Никола Стојчески само што влезе во игра, доби удар во бутниот мускул и мораше да биде заменет. Кирил Лазаров не одржуваше во егал и со четвртиот гол во 24 минута израмни на 8:8. Минутите на криза во нашата игра продожија со исклучувањето на Митков и голот од седмерец на Јиха за 8:10 во 25 минута. Лазаров со петтиот гол со човек помалку намали на -1, но Штокл бранеше се подобро и пред одморот собра 7 интервенции. На 100 секунди до одморот, седмерецот на Јиха заврши во пречката, а Димовски од линијата на додавање на Миркуловски израмни на 10:10. И во последните 20-30 секунди, Миркуловски не го погоди голот и Штокл фрли контра за Јиха и наместо ние, чесите на одмор заминаа со гол предност (10:11).

MKD - CZE Stoilov 560

Вториот дел со гол од седмерец и израмнување го отвори Лазаров, а потоа „распали„ од 9 метри за 12:11 во 32 минута. Како и во првиот дел, влезот и во овој период беше многу позитивен за нашите момци. Романските судии ги исклучија Мраз и Хрстка и Лазаров со осмиот гол ни донесе 13:12 во 35 минута. Јубилејниот десетти гол Лазаров го постигна од седум метри за 15:13 во 39 минута. Дејан Манасков со удар од бековска позиција го изненади Штокл и Македонија поведе со +3 во 43 минута. Но чесите се враќаа и Јиха и Јурка се доближуваат до 17:16. По тајм-аутот на Обрван продолжи серијата на нашиот противник и Хрстка израмни на 17:17.

Ванчо Димовски со својот втор гол на додавање на Миркуловски го враќа нашето водство (18:17). Со два гола Филип Миркуловски ја зацврсти својата самодоверба и ни донесе +2 на 11 минути до крајот. Павел Хорак погоди два пати веднаш по тајм-аутот на Владимир Хабер за 20:20. Тогаш само што влезе во игра Гоце Ојлески го врати водството за нашиот тим (21:20). Во многу битен момент кога Ојлески заработи исклучување, капитенот погоди по 12 пат за ново водство (22:21).Но тоа што е Лазаров за Македонија, за Чешка е Павел Хорак кој веднаш погоди за ново израмнување. Истиот ракометар со помош на блокот, а прв пат во вториот дел ја носи Чешка до предност (22:23). Сите конци ги влечеше Лазаров и по неговиот пас, Гоце Георгиевски израмнува на 23:23. Штокл го одбрани седмерецот на Лазаров, но Пецаковски со првиот гол на 100 секунди до крајот ни го врати водството (24:23). Но Хорак продолжи да ја тресе нашата мрежа и израмни на 65 секунди до крајот (24:24). Ивица Обрван побара тајм-аут на 45 секунди до крајот, за да го организира последниот напад. Во нашиот последен напад, ударот на Миркуловски го одбрани Штокл и за Чешка останаа 10 секунди за напад. Хабер побара минута одмор, а во последниот напад чесите не упатија удар кон голот на Ристовски. Последниот казнен удар од девет метри со звукот на сирената го упати Јиха, но биеше крај голот.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share