hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Со „Пелистерка„ данското ЕУРО во целост

Официјалната веб страна на Кирил Лазаров во соработката со спонзорот „Пелистерка„ чие заштитно лице е токму нашиот најдобар ракометар повторно подготвуваат подарок за сите наши читатели и гледачи. Од почетокот на јануари, овој веб простор ќе биде комплетно посветен на европското првенство во ракомет за мажи во Данска.

Имено оваа веб страница ги доби потребните акредитации за следење на големиот настан и секојдневно на официјалната веб страна ќе емитува специјални прилози, изјави, извештаи, прес-конференции, занимливости од местото на настанот. Почнувајќи од подготовките, групната фаза во Хернинг каде што ќе ја играме првата фаза, а се надеваме и втората, постојано ќе емитуваме сервисни информации како сите наши читатели и гледачи би биле во тек со настаните околу нашата репрезентација и самиот голем настан. „Пелистерка„ постојано ги препознава големите спортски настани, а насекаде го следи и Лазаров, кој ќе ја предводи македонската селекција.

Сите останати медиуми ќе можат слободно да ги користат сите информации, фото и видео материјали кои ќе бидат објавени на официјалната веб страна на Кирил Лазаров. Нашата цел е и заедничка - Македонија да го продолжи достоинствениот пат кон врвот на големите спортски приредби.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share